|
Ги имаме деталите за продолжението на Harry Potter кое овојпат нема да биде поврзано со разиграни маѓионичари туку ќе биде нешто сосем поинакво. Хари Потер и Принцот со мешана крв ќе биде полн со крв, симпатии и нови заплети. Серијалот на авторката J. K. Rowling, досега доби шест филмски верзии.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
По повод големиот христијански празник Божик, вечерва 20 00 часот, во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи традиционалниот Божикен концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти“. Во рамки на вечерта ќе настапат примадоната на македонската опера, сопранот Весна Гиновска-Илкова како и познатиот обоист Васил Атанасов, под диригентско водство на маестро Андреј Андреев од Бугарија. На програмата ќе бидат делата од Бах, Моцарт, Елгар, Гргин и Бернштајн.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Новата театарска сезона, Слободан Унковски и Александар Поповски ја започнуваат на странските сцени. Последниот театарски предизвик на Александар Поповски е Шекспировата класика „Хамлет“ со која тој вечерва премиерно ќе се претстави пред австриската публика во Грац. Слободан Унковски пак, на 22 јануари започнува да работи во првиот голем приватен театар во Софија, „Модерен театар“. Ова е прва режија на Слободан Унковски во Бугарија пред чија публика тој премиерно ќе се претстави на крајот на февруари со „Гозба“. Станува збор за познатата догме филмска класика на Томас Винтерберг, која ја имаше својата премиера во 1998 година освојувајќи бројни филмски награди, а за која сценската адаптација ја направи Дејвид Елдриџ.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
FREDDIE MERCURY е изгласан за титулата Ultimate Rock God од музичките фанови а необично е тоа што дури го истурка и ELVIS PRESLEY од првото место. Freddie, со помош на 4,000 гласа од фановите стана крал над сите рокери. Неговите артистички способности на сцената беа неверојатни, велат гласноговорниците на сајтот. Elvis Presley е на второ место, а на трето место е Jon Bon Jovi.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Добро е да се знае дека луѓето се уште знаат како да се забавуваат и покрај глобалната криза во економијата. Познатиот билионер ROMAN ABRAMOVICH не сака колапсот на економијата да влијае врз неговото помпезно славење. Тој потрошил £300,000 за рокерите KINGS OF LEON да изведат еден часовен сет за неговите луѓе со кои славеше во понеделникот. Рускиот тајкун досега со повеќе ѕвезди направил одлични забави, но со оглед на финансиите кои им ги дава, очигледно е дека и за нив е среќа да го забавуваат.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Изложба на уметнички дела од врвни македонски и странски уметници е отворена во Даут-пашиниот амам во Старата чаршија во Скопје. Посетителите може да ги видат делата на Вангел Коџоман, Глигор Чемерски, Зоран Јакимовски, Коле Манев, Мерсад Бербер, Рубенс Корубин, Трајче Јанчевски и уште многу други. Прикажаните дела се од уметничката колекција на Стопанска банка и ова е прва надворешна изложба на банката. Со истата се одбележува 65-годишниот јубилеј од основањето на банката. Поради постојаниот придонес кон културните проекти и акции, Банката успеала да изгради значајна колекција на мозаици, витражи, скулптури и слики во разни техники.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Во просториите на Националната галерија на Македонија - Мала станица, вечерва со почеток во 20 00 часот ќе биде отворена изложба на млади автори насловена „Внатре-Надвор“. Изложбата претставува дел од проектот за прослава на јубилејот 60 години Национална галерија на Македонија. Станува збор за групна изложба со мултимедијален карактер во рамки на која свои дела ќе изложат: Методи Ангелов, Моника Дескоска, Славица Јанашлиева, Тихомир Топузовски, Нада Прља, Игор Сековски, Паскали Ирена и уште многу други автори. Делата се изработени во медиумите: видео-арт, дигитални фотографии (принтови) и објекти. Изложбата ќе ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, Маја Крстевска.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Jessica Biel била во многу смешна ситуација кога нејзиното момче Justin Timberlake ја уловил како ја слуша неговата музика. Таа признава дека си ги пеела песните на Justin дома, ама била внимателна па кога тој ќе и се јавел веднаш излегувала од базен и го исклучувала системот па се правела како да си се релаксира во базенот.Еднаш заѕвони телефонот, а јас немав многу време, па тој ме праша дали ја слушам 'Justified'?' а јас му реков - Не, не.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
| << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 8 од 809 |
|
|
ON THE AIR
Преземи Winamp за онлајн слушање
Броеви за SMS пораки:
070/145-947
075/145-947
City препорачуваРесторани
Amica - ГТЦ 1. кат
Носталгија - Дебар маало
Далма - зад Универзална сала
Окарина (поранешна Чврга) - населба Тафталиџе
Кафулиња
Trend - Плоштад Македонија
FM Cafe - Плоштад Македонија
|